Инфантино: Тажно е кога навивачите стануваат жртви на насилство

Од:

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино го изрази своето жалење и шокираност од самоубиствениот бомбашки напад вчера на фудбалски стадион во Ирак, во кој загинаа 41, а беа повредени 105 луѓе.

– Ширум светот фудбалот ги обединува луѓето. Многу е тажно кога луѓето одат на натпревар, а стануваат жртви на овој вид насилство, истакнува првиот човек на ФИФА во соопштението за јавноста.

Инфантино во име на ФИФА и фудбалска заедница изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите.

– Нашите мисли се со оние кои се погодени од оваа трагедија и сите наши фудбалски пријатели во Ирак, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи