Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино има нова идеја за зголемување на бројот на учесници на Светското првенство. За време на изборната кампања тој се залагаше за Мундијал со 40 земји-учеснички, а сега ја презентираше идејата за учество на 48 репрезентации.
Според новата идеја, 32 учесници на стартот на Светското првенство ќе играат „нок аут” натпревари, а победниците ќе се приклучат на останатите 16 и ќе се продолжи со вкупно 32 национални тимови во групната фаза.
– Сакаме да најдеме најдобро решение и за идеите да се дискутира во текот на овој месец. Ние ќе донесеме одлука во јануари 2017 година. Една идеја е да се добие 16 екипи директно се квалификува за фазата по групи, а останатите 32 екипи игра во прелиминарната фаза, земја на Светското првенство домаќин. Победниците од овие натпревари да продолжат со натпреварувањето, изјави Инфантино.