Инфантино предлага клупски Мундијал со 32 екипи

Од:

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, има намера да го зголеми бројот на учесници на Светското клупско првенство од седум на 32 екипи.

Намерата на Џани Инфантино е и да го смени терминот на одигрување на овие натпревари, наместо во декември клупскиот Мундијал да се игра во јуни.

„Сегашниот систем со седум клубови треба да биде сменет. Светот се менува, мораме клупското СП да го направиме поинтересно, како за клубовите така и за навивачите низ целиот свет“, рекол Инфантино.

„Колку е напорно да се патува и да се менуваат временските зони поради еден или два натпревара. Мислам дека формулата со 32 екипи е добар предлог“, прецизирал.

Предлогот на Инфантино е клупскиот Мундијал да се игра од 10. до 30. јуни.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи