Инфантино бара максимална поддршка за двата нови турнири

Од:

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави во Кигали, дека ќе бара најширока можна поддршка за предложените од него два нови турнири, бидејќи негова должност е да се брани „релевантноста на фудбалот“.

Во главниот град на Руанда се одржува традиционалната средба на Советот на ФИФА.

Швајцарецот планира создавање на мини светско првенство со учество на осум тима што ќе се одржува на секои две години и да го замени сегашниот Куп на Конфедерации кој се одржува во годината пред Светското првенство, а исто така да го зголеми бројот на учеснички тимови на Светското клубско првенство од седум на 24.

Според Инфантино веќе има големи компании кои изразиле желба да инвестираат во двата турнирот, а најголем удел би требало да даде јапонската „СофтБанк“.

Предлогот на Инфантино сепак не е пречекан позитивно од сите, најмногу од европските федерации. Од УЕФА се изјаснија категорично против него, бидејќи гледаат закана за постоењето на Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи