Италијанскиот скијач, Кристоф Инерхофер победи на спустот на денешната трка во Гармиш-Партенкирхен на Светското првенство.
Инерхофер успеа да слави пред дури тројца австријци. Сепак никој не успеа да го загрози победничкото време на италијанецот, кое изнесуваше 1:37.83. Георг Стреитбергер заостана 12 стотинки зад Инерхофер, додека пак Клаус Крол 16 стотинки.
Ханс Реичелт заврши на позицијата број четири, со 36 стотинки заостаток, а норвежанецот Аксел Лунд Свиндел заврши петти. Токму Свиндел најмногу ја загрозува водечката позиција на Марсел Хиршер на Светското првенство. Хиршер е минатогодишен освојувач на големиот Кристален глобус.
Утре во Грамиш Партенкирхен се вози трката во велеслалом.