Индијана ја прекина победничката серија на Кливленд, Бостон поразен од Сан Антонио

Од:

Синоќа на домашен терен тимот на Индијана ја прекина победничката серија на Кливленд откако славеа со 106:102. Со оваа победа Индијана стана првиот тим со две победи оваа сезона против Кливленд, кои претходно имаа серија од 13 победи со ред.

Најдобар играч на натпреварот беше Виктор Оладипо со 33 поени, од кои шест тројки и осум скока.

Шампионот Голден Стејт славеше на гостувањето кај Детроит со 102:98. За Голден Стејт најдобар беше Кевин Дјурант со 36 поени, додека поради повреда не настапи Стеф Кари.

Бостон го забележа својот петти пораз сезонава на гостувањето кај Сан Антионио со резултат од 105:102.

Лидерот на „Исток“ Бостон има 22 победи, додека на „Запад“ првопласирана екипа е Хјустон со скор 19-4, а Голден Стејт вториот тим со повеќе од 20 победи (21).

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот