Инцидент на натпреварот Црвена звезда – Будуќност, црвено-белите отидоа во соблекувална

Од:

Првиот полуфинален натпревар од АБА лигата помеѓу Црвена звезда од Белград и Будуќност во Подгорица беше прекинат на средината од третата четвртина по општиот хаос на теренот „Морача“.

Никола Танасковиќ и Ајзеја Кенан се најдоа во борба за топката, а потоа се вмешаа Рокас Гиедраитис и Рашид Сулејмон.

Судиите успеаја да ги одвојат најборбените играчи од двете страни, а тренерите, Јанис Сферопулос и Андреј Жакелј, се вмешаа и разговараа меѓусебно.

Сепак, навивачите на Будуќност потоа на теренот фрлаа разни предмети, по што настана вистински хаос.

Кошаркарите на Црвена звезда потоа решија да го напуштат теренот и да одат во соблекувалната, па натпреварот на „Морача“ беше прекинат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ужас во Хрватска – Американецот заби, кошот падна врз него

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шок во Атина, Црна Гора ја победи Грција

Предраг Петровиќ

Жестоко белградско дерби: Провокација за навивачите на Партизан, ја запалија трибината

ВИДЕО: МЗТ Скопје без мака до нов Куп трофеј

Катерина Ѓуровски

Хозе Мариа Берокал е нов селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија

Невидена ситуација во кошарката, натпреварот во Лигата на шампионите заврши по само седум минути

Предраг Петровиќ