Има поврзаност меѓу вакцината на „АстраЗенека“ и појавата на тромбови, потврди официјален претставник на ЕМА

Од:

Официјалниот претставник на Европската агенција за лекови (ЕМА) Марко Кавалери го потврди постоењето на врска помеѓу вакцината „Астразенека“ и случаите на тромбоза.

„Сега можеме да кажеме, јасно е дека постои поврзаност со вакцината. Што ја предизвикува оваа реакција, сепак, сè уште не знаеме. Во следните неколку часа ќе кажеме дека има врска, но сепак мора да разбереме како се случува тоа“, изјави Кавалери за италијанскиот дневен весник „Месаџеро“.

ЕМА досега тврдеше дека не е докажана врска со вакцината иако е можна, како и дека придобивките од вакцинацијата против коронавирус ги надминуваат ризиците.

Повеќе земји престанаа да вакцинираат со „Астра Зенека“, додека производителот на вакцини во март рече дека нема докази за зголемен ризик.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

ЕУ одобри третман со лекот Сафнело на Астра Зенека за лица со лупус

Ана Ололовска

Лавров: Русија не украла формула на вакцината на Астра Зенека за да ја произведе Спутник В

Ана Ололовска

АстраЗенека побара одобрение од ФДА за третман со антитела против Ковид-19

А1он

Студија: Комбинација од вакцини на Астра Зенека и Спутник лајт дава висока ефикасност

Ана Ололовска

Фаучи: САД се уште немаат одлука за влез на патници вакцинирани со АстраЗенека

Ана Ололовска