Илиќ нов ракометар на Металург

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург најде замена за повредениот Мартин Марчец на позиција лево крило. Од денеска ново име кај „металурзите“ е Вања Илиќ, кој во Автокоманда доаѓа од екипата на Партизан.

23-годишниот Илиќ во својата кариера настапувал за српските екипи РКБ и Партизан, а минатата сезона ја мина во екипата на скопски Работнички, каде беше и најдобар играч.

По завршувањето на сезоната тој се врати во Партизан, а од денеска го засили Металург.

Илиќ во Металург ќе остане до крајот на тековната сезона, со можност соработката да продолжи за уште една година.

– Чест и задоволство е да настапуваш за екипа каква што е Металург и да бидеш трениран од тренер каков што е Лино Червар. Секако, задоволство е и да настапуваш во Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА лига. Ќе дадам се од себе за да се прикажам во најдобро светло и да ја оправдам довербата на тренерот и на луѓето од клубот, изјави Илиќ за веб страната на РК Металург.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ