НБА лигата и синдикатот на кошаркари се договориле да им овозможат на играчите да не учествуваат во продолжувањето на сезоната, закажано на 31 јули, а притоа да не бидат казнети.
Според тв-мрежата ЕСПН, деновиве десетици играчи изразиле загриженост за продолжувањето на сезоната во Орландо и за условите во единствената сала предвидена за натпревари во услови на пандемија. Сепак, ниту еден НБА играч досега не излегол во јавност со одбивање да учествува во остатокот од сезоната, која беше прекината во март.
Во случај да одбијат настап, кошаркарите нема да добијат санкции, но ниту пари за пропуштените натпревари. Според извештајот на ЕСПН; извори во лигата тврди дека играчите наведуваат голем број проблеми, вклучувајќи ги и семејните проблеми, како и неможноста да го напуштат кампусот, политичката состојба во САД и пандемијата на Ковид-19.
Американските медиуми јавуваат и е дека евентуалното прескокнување на остатокот од сезоната главно го најавуваат играчи чии тимови не се кандидати за освојување на шампионатот.
Како што беше објавено неделава, раководството на НБА планира да воведе задолжителни тестови за коронавирус за сите кошаркари што ќе играат во продолжението на сезоната, планирано од 31 јули во една единствена сала во Орландо, сопственост на ЕСПН. Секој кошаркар што ќе го напушти таканаречениот „меур“ ќе мора да остане најмалку десет дена во изолација и да има два негативни теста по карантинот.