Игор Стефановски – Иџе сепак со две трети места во Вила Реал

Од:

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе сепак со две трети места го заокружи својот настап на трката во ЕТЦЦ шампионатот која се возеше вчера во португалискиот град Вила Реал.

Имено, официјалните лица на трката, по прегледувањето на видео снимките од првата трка, решија на Португалецот, Хозе Родригез да го казнат со 30 секунди, откако во последниот круг успеа на неправилен начин да го мине македонскиот автомобилист и да му го одземе третото место, по што Иџе заврши како четврто рангиран во првата трка.

Сепак, неправдата беше корегирана, па Стефановски настапот во Португалија го заврши со две трети места, откако и на втората трка заврши на третата позиција. Во генералниот пласман Стефановски е на делба на третото место со 42 бода заедно со Норберт Наѓ, а во водство се Петр Фулин од Чешка со 57 бодови и Крисјоханес Шрајбер со 44.

За Стефановски и неговиот тим сега претстои пауза до 17 септември за кога е закажана претпоследната трка во шампионатот која ќе се вози во Золдер, Белгија.

Би можело да ве интересира

Влатко Стефановски и Кит Ричардс на отворањето на Филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

А1он

Стефановски: Бев казнет за банален инцидент

Наум Локоски

Стефановски на прием во Агенцијата за млади и спорт

Наум Локоски

Иџе атакува на првото место во Генералниот пласман

Наум Локоски

Иџе утре ќе стартува од четвртата позиција на Нирбургринг

Наум Локоски

Стефановски освои шест бодови на двете трки во Хунгароринг

Наум Локоски