Стефановски: Бев казнет за банален инцидент

Од:

Македонскиот автомобилст Игор Стефановски – Иџе до последните две трки возени денеска во Мост, Чешка беше во конкуренција за шампионската титула, но казната на првата трка ја скрати надежта за конечен успех.

– Првата трка бев казнет за банален инцидент, за кој и судиите и натпреварувачите се чудат, зошто е доделена таква казна. Но, задоволен сум од постигнатото. Возилото е оштетено, во втората трка имав послаби перформанси затоа што добив удар од Шрајбер уште на почетокот. Левото тркало беше затворено во целост, гумите не можеа да издржат. Ја завршивме сезоната на четвртата позиција, иако имавме можност да се бориме за титулата. Радосен сум што можеме да им парираме на луѓето кои се долги години во шампионатот. Благодарност до сите кои ме поддржуваа, иако имам горчина во грлото, затоа што сепак, не ми е сеедно, изјави Стефановски со куса оценка за денешниот настап и сезоната во ЕТЦЦ шампионатот.

Денешните две трки Стефановски ги заврши на осмото место (првата) кога доби казна и на петтото место (втората) со проблеми со возилото. Стефановски во генералниот пласман е четвртопласиран.

Би можело да ве интересира

Влатко Стефановски и Кит Ричардс на отворањето на Филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

А1он

Петто место за Стефановски во втората трка во Чешка и четврто место во генералниот пласман

Наум Локоски

Стефановски по казната заврши како осми на првата трка во Мост

Наум Локоски

Стефановски ќе стартува од петтата позиција на трката во чешки Мост

Наум Локоски

Игор Стефановски – Иџе сепак со две трети места во Вила Реал

Наум Локоски

Стефановски на прием во Агенцијата за млади и спорт

Наум Локоски