Иџе утре ќе стартува од четвртата позиција на Нирбургринг

Од:

По двете возбудливи трки во ЕТЦЦ шампионатот, на патеката во Монца и на патеката Хунгароринг, во сабота на 27 мај, најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе го очекуваат двете трки кои се возат скоро истовремено на патеката Нирбургринг.

Стефановски квалификациите ги заврши на четвртата позиција. На првата позиција е Шрајбер со Хонда, втор е Фулин, трет Мота, а и обајцата возат Сеат.

„Во тимот владее добра атмосфера. Посебно по одлично реализираните тренинзи вчера и денес“- изјави оптимистички Стефановски. „Се е подготвено за трките утре, на кои очекуваме да се покажеме во моќно издание. Очекуваме добри резултати и мошне интересна трка“ додава шампионот.

Иџе има вкупно 15 бода, по двете од вкупно шесте трки во ФИА ЕТЦЦ календарот годинава. Моментално е петти на табелата, каде лидер е Швајцарецот Шрејбер со вкупно 40 бода.

Би можело да ве интересира

Влатко Стефановски и Кит Ричардс на отворањето на Филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

А1он

Стефановски: Бев казнет за банален инцидент

Наум Локоски

Петто место за Стефановски во втората трка во Чешка и четврто место во генералниот пласман

Наум Локоски

Стефановски по казната заврши како осми на првата трка во Мост

Наум Локоски

Стефановски ќе стартува од петтата позиција на трката во чешки Мост

Наум Локоски

Игор Стефановски – Иџе сепак со две трети места во Вила Реал

Наум Локоски