Игор Стефановски – Иџе втора година по ред е европски шампион во Европскиот Шампионат на ридски патеки.
По повод освојувањето на втората шампионска титула, вчера вечер во Скај Бар во склоп на Хотел Русија во Скопје, се одржа коктел прослава, каде поддржувачи и фанови на Иџе дојдоа да го поддржат и заедно да го прослават успехот на овој успешен македонски автомобилист.
За време на Европскиот Шампионат на ридски патеки, на трката во Словенија во Илирска Бистрица, вештините на Иџе и излетувањето на Лукас Војачек од Чешка од патеката, придонесоа по втор пат Македонец да се закити со оваа шампионска титула.