Иџе: Во Швајцарија по заверка на титулата

Од:

Доколку во Швајцарија Стефановски победи, а Чехот Лукас Војачек не се најде меѓу првите тројца, македонскиот ас ќе ја одбрани европската титула на две трки пред крајот на првенството.

Десеттата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки која ќе се вози во Швајцарција на патеката Cote St.Ursanne – Les Rangiers ќе биде првата од трите шанси на македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе да ја одбрани титулата.

Три трки пред крајот од шампионатот Иџе (190 поени) има 34 бода предност во генералниот пласман пред Лукас Војачек (156) и во случај на тримф на нашиот ас и кикс на чешкиот возач, Македонија втора година по ред ќе може да се пофали дека го има најбрзиот човек на ридски патеки во Европа.

Психолошката предност е на страната на Иџе кој ќе има уште две шанси до крајот на шампионатот на трките во Словенија и Хрватска.

– Трката во Швајцарија е многу важна и може да биде решавачка во оваа сезона. Триумф на патеката Cote St.Ursanne – Les Rangiers и послабо возење на Војачек во неговата група А, ќе ми ја донесе втората европска круна. Јасно ми е дека влогот е голем, но веќе се навикнав да бидам фаворит и да возам под императивот да се победи  – вели Иџе.

Со седум победи во групата Н во деветте досега одржани трки од ЕП, Иџе и неговиот Mitsubishi Lancer Evo IX се фаворити за уште една победа. Македонскиот возач лани победи во Швајцарија и одлично ја познава патеката, а најголем проблем на натпреварувачите може да им предизвика најавениот дожд.

–  Се работи за најопасната трка во сезоната. Поголемиот дел од патеката нема заштитна ограда и мало невнимание може да биде кобно. Лани победив, но оваа година ќе биде потешко. За викендот е најавен дожд и тоа во голема мерка ќе влијае на резултатите. Возилото е подготвено, а најважно од се е што и јас сум подготвен за нов триумф и предвремена одбрана на титулата – додаде Стефановски.

Трката во Швајцарија е најбрза од сите 12 во шампионатот, а патеката е долга 5.169 метри. Планирано е да се возат три трки, а за пласман ќе се сметаат најдобрите две времиња.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски