Иџе прв Македонец во ЕТЦЦ шампионатот

Од:

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе претстојниот викенд во Франција ќе започне нова страница во неговата кариера. Тој за првпат ќе вози во Европскиот шампионат на кружни патеки.

Претходните две години Стефановски го освојуваше трофејот на ридски патеки, а по добиената покана од словенечката екипа Лема се одлучи да направи чекор понапред во кариерата и да се испроба во ЕТЦЦ шампионатот.

ЕТЦЦ првенството е организирано од Светската автомобилистичка федерација и е само едно скалило подолу од престижниот Светскиот шампионат – ВТЦЦ.

Стефановски очекува добар пласман со оглед на добрите резултати на неодамнешните тестирања.

-Се се случи многу брзо и непланирано. Имам многу малце време и простор за тестирање на возилото, но се надевам дека ќе ја претставам Македонија со успех. Верувам во добар пласман. За мене ова ќе биде нова дисциплина. Очекувам добро да се вклопам во новиот тим кој ќе работи со мене. Плановите се да освојам што е можно повеќе бодови и евентуално да се победи на некоја трка, иако ќе биде тешко, бидејќи имам голема конкуренција со искусни возачи. Настапот во ЕТЦЦ ќе биде еден мотив плус за мене како прв Македонец во ова натпреварување. Мотив плус е и наградата за шампионот кој ќе обезбеди место следната сезона да се натпреварува во Светскиот шампионат, истакна најдобриот македонски автомобилист.

Иџе е член на автоклубот Проспорт и тој на трките од ЕТЦЦ ќе вози под македонско знаме.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Стефановски остана без пласман на денешната трка во Имола

Ана Ололовска