Иџе победи и во Германија

Од:
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе продолжува со успешните настапи, откако вчера победи на патеката Глазбах во Германија, на трка од Европскиот шампионат во ридски патеки.
 
По првото возење Македонецот имаше време 2.35,466 минути со кое постави рекорд на патеката.
Стефановски втората трка ја извози со време 2.37,149 минути доволно за убедлива победа пред чешкиот возач Јири Лос и неговиот сонародник Мартин Херман.
 
По вчерашната победа Иџе се зацврсти на првото место во пласманот и е на најдобар пат да ја одбрани титулата во Европскиот куп.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски