Иџе: Ние сме мал тим од мала земја, ама недостижни за Европа

Од:

„Најголем сон и врвен приоритет во кариерата ми е целосен настап на Европскиот шампионат на ридски патеки како највисоко ниво во овој спорт во Европа.

Набавивме новото возило кое е најдобро во својата група како главен предуслов да се биде конкурентен на ЕП, а планот е од следната сезона да се вмешаме во битката во генералниот пласман и достојно да ја претставуваме македонија на европскиот асфалт“, велеше најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе на крајот од минатата сезона.

Една година подоцна „Летечкиот Македонец“ ја покори Европа. Триумфира на седум од десетте одржни трки во шампионатот на ридски патеки и предвреме ја осигура титулата. Доминацијата на македонските патеки и трофеите на кружни патеки (2004, 2006 и 2008 година) и неприкосновеноста на ридски патеки од 2005 до 2012 година ја нодополни со круна на Стариот континент.

– Ова е големо признание за мене и за Македонија. На трките во Европа веќе не гледаат со поинакви очи и со големо почитување. Важно е дека вложениот труд, напорната работа на целиот тим и вложените финасиски средства резултираа со голем успех. Ние сме мал тим од мала држава, но во очите на европската тркачка елита сме огромни и недостижни. Се уште не сум свесен дека ја освоив титулата. Се надевам дека ја израдував

Македонија со еден ваков голем успех. – беа првите зборови по освоената европска титула на популарниот Иџе.

Дали очекуваше ваква доминација во шампионатот?

– Да бидам искрен, потајно се надевав на висок пласман, но немав основа врз која би го градел оптимизмот. Јас сите патеки, освен во Австрија и во Хрватск,а ги возев прв пат во животот и ми требаше време за да ги научам.

Сепак, мојот стил на возење, без калкулации, што се виде и на неделната трка во Швајцарија кога и второто место ми ја носеше титулата, но решив да одам на победа, се покажа како решавачки. Одев на се или ништо, послебно во средината на сезоната кога ми се случија и најголемите малери со блиските средби со банкините и откажувањето на менувачот и моторот на возилото.

Колку овие успеси придонесоа да ја зголемиш базата на фанови?

– Мило ми е што имам голема поддршка од македонските фанови. Ми беше пријатно кога на средина од сезоната, на улица во Скопје добив охрабрување од еден човек, кој ми рече да и покажам на Европа како се вози. Изненаден сум и од навивачите во Шпанија и во Португалија. Таму ридските трки имаат култен статус и голем број навивачи дојдоа со мои фотографии за да им ги потпишам. Ова беше одлична можност европската автомобилска елита и љубителите на овој спорт да се запознаат и со мене и со Македонија. Освоената титула е голема промоција и возачот Игор Стефановски, но и за земјата од која потекнува.

Иџе по трката во Швајцарија одвои време да се радува на големиот успех, но не заборави да им се заблагодари и на сите кои му помогнаа при освојувањето на европската титула.

– Им се заблагодарувам на фановите за поддршката која ми ја даваа и што се радуваа и тагуваа заедно со мене. Им се заблагодарувам на спонзорите кои одвоија средства за да овозможат Македонија да има европски шампион во автомобилизам. Без нивните финасиски средства, но и без

мојот тим, брат ми, татко ми и механичарот Тихо Матевски, кои го направија невозможното и го оспособија автомобилот за настап, пособно во моментите кои се чинеше дека откажувањето од понатамошниот настап во шампионатот е неминовност – заврши Стефановски.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ