Иџе на средба со Жан Тод и Ари Ватанен

Од:

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе утре во Женева ќе биде дел од тричлената делегација на возачи од Европското првенство на ридски патеки која ќе има состанок со претседателот на ФИА, поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод и рели легендата, Финецот Ари Ватанен како претседател на комисијата на ФИА за рели и трки на ридски патеки. Ова уште едно големо, неформално признание за нашиот возач кој како актуелен европски шампион во категорија 1 е повикан од највисоките инстанци на ФИА на разговор во врска со иднината на оваа дисциплина.

– На состанокот во Женева освен јас од возачка страна ќе бидеме присутни уште и Симоне Фаџиоли како европски шампион во категорија 2 и Французинот Себастијан Петит кој вози болид Формула 3. Секако дека мошне пријатно се изненадив од поканата и мојот избор во оваа делегација. Таму присуствувам како актуелен европски шампион, но зад себе сепак имам само две сезони во ова натпреварување за разлика од многу други возачи кои имаат далеку поголем стаж од мене. Секако дека ова, на некој начин, е големо признание за моите резултати и постигнувања и тоа од највисокото можно ниво, вели Иџе.

– Според агендата, целта на овој состанок е да се дискутира за подобрување на безбедноста на трките на ридски патеки како и за големата реорганизација на нашето Европското првенство кое ФИА ја планира во поглед на бодувањето, трките, параметрите за учество, правилата за возилата и слично. Нивна цел е да ги презентираат тие планови пред нас и да го чујат нашето мислење. Секако дека ќе се обидеме да го дадеме својот придонес кон подобра организација на првенството што секако би довело и до уште поголема конкуренција и поголем број учесници, додава Иџе.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски