Иџе: Имав перфектен викенд

Од:

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе викендот во Глазбах, Германија ги потврди своите квалитети и докажа дека во моментов е најдобар возач во Европа на ридски патеки.

– Имав навистина перфектен викенд. Подобрените перформанси најмногу се должат на промената на пневматиците. Последниве две трки ги возам со новата компонента на Пирели која ја имаат моите конкуренти. Разликата е повеќе од очигледна. Втор момент е што ова е техничка патека, а таквите многу добро му лежат на мојот стил на возење и на вакви патеки секогаш постигнувам врвни резултати, изјави Иџе од Германија.

Уште еден голем плус за Иџе е отсуството на неговиот најголем конкурент во генералниот пласман, Чехот Јаромир Мали кој е доминантен во групата А.

Во негово отсуство најбрз во таа конкуренција беше неговиот сонародник Лукас Војачек кој со тоа го превзема второто место во генералниот пласман со 27 бода негатива во однос на лидерот Стефановски.

– Не знам зошто не учествуваше Мали, немам информација. Мислам дека моите противници очекуваа да „кикснам“ на претходната трка во Словачка поради силната локална конкуренција, па така да ми се приближат на достижна разлика. Можеби и на ним веќе им е јасно дека шансите до крајот на сезоната им се многу мали. Како и да е, мое е да си ја завршам работата во преостанатите три трки до крајот на шампионатот, а зголемувањето на бодовната разлика секако ќе ми помогне за порелаксиран пристап на следните настапи, додаде Стефановски.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски