Идризи освои злато на Светскиот карате куп во Умаг

Од:

Каратистот на Макпетрол, Абдурахим Идризи го освои златниот медал во Светската младинска лига во Умаг, Хрватска. Тој во јуниорска конкуренција категорија -55 кг. во финалето го совлада Максим Краснов од Русија со 7-2.

На патот до финалето Идризи ги совлада Лукас Томас (Германија), Мирнес Аговиќ (Босна и Херцеговина, Максим Падолски (Белорусија) и Никита Филипов (Украина).

– Идризи заслужено го освои златниот медал од ова највисоко рангирано натпреварување кое го организира Светската карате федерација (ВКФ). Во полуфиналната и финалната борба тој буквално ги декласираше своите противници и со голема бодовна разлика успеа да се качи на победничкиот пиедестал. Идризи со своето учество на последните првенства, докажува дека постепено прераснува во голем карате потенцијал на кој ќе може да смета Македонија во иднина, изјави тренерот Бошко Заборски.

На Светскиот куп учествуваа 1.874 натпреварувачи од 74 држави.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје