Македонија вчера ја победи Данска со 3:0, а големо влијание во оваа победа секако имаа Албанците во националниот дрес Агим Ибраими и Мухамед Демири.
И не само во оваа победа тие и на сите натпревари, едноставно „гинат“ за македонскиот дрес, ја даваат сета можна сила за што подобро да се престави нашата држава.
Но, од трибините се слуша лош глас. Тие се пронаоѓаат во оние навредливи скандирања кон нив, а и нормално им пречат. И двајцат велат дека тие навредливи содржини ги вознемируваат, но се надеваат дека ќе бидат и последни.
Да, ги слушнав навредите од навивачите. Тоа не е добро за сите, бидејќи ние играме за Македонија и не треба да се делиме етнички. Ова не е во ред. Затоа апелираме до навивачите во иднина да не упатуваат вакви скандирања и сите заедно да ја бодриме македонската репрезентација кон нова победа, рече Ибраими кој го постигна вториот гол за Македонија на вчерашниот натпревар.
Не можам да разберам како е можно да упатуваат кон нас такви навреди, кога ние играме за Македонија. Можеби со оваа работа треба да се позанимава и фудбалската федерација на Македонија со цел да се избегне оваа непријатна појава, вели Демири.
Македонските навивачи треба да се освестат по овие изјави и да прекинат со навредливи содржини, бидејќи тоа им пречи на нашите репрезентативци и ги вознемирува. Навредите да ги остават на страна и сите заедно да ја бодриме Македонија кон нови успеси.