Шведската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ направи уште еден интересен коментар во интервју за локален ТВ канал. Триесет и шестгодишниот напаѓач во моментов игра во Лос Анџелес Галакси, а едно од прашањата беше поврзано со неговото одбивање да премине во клуб од Кина, кој му нудел 100 милиони долари.
– Парите не се важни, но многу пари се важни. Сто милиони не беа доволни за мене, рече Ибра во својот типичен стил.
До март Ибрахимовиќ беше фудбалер на Манчестер Јунајтед, но го раскина договорот по взаемна согласност и одлучи да ја продолжи кариерата во САД.
Во своите први пет натпревари за Л.А. Галакси, Ибра постигна три гола.