Ибрахимовиќ: Ме привлекува Германија, но само Баерн

Од:

Напаѓачот на ПСЖ, Златен Ибрахимовиќ изјави дека еден ден би можел да игра фудбал во Германија, но само во дресот на минхенскиот Баерн.

-Секако дека Бундеслигата може да ме привлече. Можеби еден ден, но не наскоро. Една работа е јасна, доколку би одел во Германија, тоа ќе биде Барен Минхен. Тој е за мене е еден од најголемите клубови на светот – изјави шведскиот репрезентативец.

Ибрахимовиќ има 31 година, а во ПСЖ пристига во јули и потпиша тригодишен договор.

-Живеев во пет држави, Шведска, Холандија, Италија, Шпанија и сега Франција. Научив за луѓето, културите и тоа ме оформи како човек – истакна популарниот Ибра.

Тој во моментов е прв стрелец во француското првенство, со постигнати 21 гола.

Професионалната кариера ја почна во 1999 година во Малме, а потоа беше во Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони