Ибрахимовиќ: Го изгубив идентитетот во Барселона

Од:

Златан Ибрахимовиќ во својата долга кариера настапуваше за бројни големи европски клубови, а во сезоната 2009/2010 го носеше дресот на Барселона, каде тренер му беше Пеп Гвардиола.

За каталонскиот клуб одигра 46 натпревари, постигна 22 и забележа 13 асистенции. По една сезона замина на позајмица во Милан, кој подоцна го откупи неговиот договор.

Во интервју за Канал Плус, шведскиот напаѓач изјави дека има лоши спомени од времето кога бил дел од Барселона:

„Моето најлошо сеќавање? Барселона, но не поради фудбалот. Таму премногу размислував. Се разочарав, ги правев работите поинаку. Два пати размислував пред да ја донесам одлуката и се разочарав себеси“, изјави Ибрахимовиќ и додаде.

„Го изгубив идентитетот во Барселона. Сепак, повторно го најдов, што ми овозможи да го освојам светот“.

Ибрахимовиќ претходно изјави дека Гвардиола не му одговара како тренер.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

Србија ја победи Шведска, Ибрахимовиќ се збогуваше со фудбалскиот дрес

Златан Ибрахимовиќ и купи црква на мајка му за 9,24 милиони евра, станови на брат му и татко му

Предраг Петровиќ

Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан

Ибрахимовиќ ќе остане во Милан

Ибрахимовиќ ќе го пропушти Емполи поради повреда на коленото

А1он