Златан Ибрахимовиќ дебитираше во американската МЛС лигата со два гола и победа од 4:3 за Лос Анџелес галакси на градското дерби против Лос Анџелес ФЦ.
ЛАФЦ со двата гола на Карлос Вела во првото полувреме и автоголот на Даниел Стерес имаа висока предност од 3:0.
Себастијан Летгет во 61. минута намали на 3:1, а Крис Понтуис беше прецизен во 73. минута за 3:2.
Ибрахимовиќ десетина минути по влегувањето на теренот во 77. минута постигна гол од голема далечина за израмнување на 3:3.
Во 91. минута, по асистенција од Ешли Кол, шведскиот напаѓач со глава го реализираше вториот гол за победа од 4:3 на Галакси.
Ибрахимовиќ во Лос Анџелес галакси дојде од Манчестер јунајтед.