И најлуксузните се расипуваат – возилата на „Бентли“ ќе одат на вонреден преглед

Од:

Производителот на суперлуксузни автомобили „Бентли“ на вонреден сервис ќе ги повика сопствениците на 27.640 возила ширум светот заради можен дефект на каблите за акумулаторот, изјави портпаролот на компанијата.

Во соопштение на компанијата се прецизира дека станува збор за моделите „Континентал ГТ/ГТЦ“ и „Флаинг Спар“, произведени меѓу февруари 2011 и јуни 2014 година, пренесуваат француските медиуми.

„Кај ограничен број автомобили е можно клемите на каблите од акумулаторот да се лабави. За да го решиме проблемот, ќе ги замениме постојните делови со нови кај сите возила, за што ќе бидат потребни околу два часа по автомобил“, наведе компанијата.

„Бентли“ е во сопственост на „Фолксвген“, германската компанија која е погодена од најголемиот скандал во нејзината историја, откако беше откриено дека во 11 милиони дизел автомобили е инсталиран софтвер што ја активира контролата на емисијата на штетни гасови кога автомобилот минува низ тестирање, а се деактивира во текот на вообичаеното возење заради подобрување на перформансите на возилото.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ