Хуманитарна акција на Mozzart за крајот на годината – Донација на Здружението „Вера” од Струмица во соработка со Горан Пандев

Од:

Хуманост пред се. Тргнувајќи од ова мото Mozzart ја започна и завршува 2024 година.

Препознатливи како една од најголемите општествено одговорни компании, лидерот во приредување игри на среќа предаде донација од едукативен материјал на Здружението „Вера” од Струмица за помош и поддршка на лица со даунов синдром.

Во овој хуман гест се приклучи и македонската фудбалска звезда Горан Пандев кој порача и посака да има многу повеќе вакви донации во кои тој со задоволство ќе учествува.

„Ова е прекрасна донација од Mozzart, се надевам дека и во иднина ќе ги радуваме не само децата туку и сите во Македонија со вакви хуманитарни акции”, изјави македонската фудбалска звезда, Горан Пандев.

Вработените во Здружението не го криеја задоволството од донацијата која ја добија, раскажувајќи дека материјалот им бил повеќе од потребен за реализација и организација на образовниот процес, нешто што тие сами не можеле да си го дозволат.

„Оваа донација е од големо значење за нас, бидејќи се збогати нашиот едукативен материјал, што ке допринесе за подобар развој на децата”, изјави Анче Туфекчиева од Здружение за помош и поддршка на лица со даунов синдром „Вера”

Компанијата Mozzart долги години помага секаде каде е тоа потребно. Донации се реализирани во голем број државни,здравствени и образовни институции.

„Го одбравме вистинскиот начин да ја заокружиме годината која одминува. Со оваа хуманитарна акција и донацијата на едукативен материјал внесовме радост во здружението „Вера”. Нема поголем подарок од искрена насмевка, благодарност и среќа од оние на кои си им помогнал. Токму таква беше сликата во Здружението „Вера”. Вработените и децата не ја криеја возбудата од подароците кои стоеја под елката, нетрпеливи истите да ги отворат. Задоволството е големо кога помошта завршува токму онаму каде е најпотребна. По истиот пат ќе чекориме и во новата година, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Деновите пред нова година се познати како време кога се исполнуваат желби. Лидерот во приредување игри на среќа годинава исполни безброј желби, донесе радост и среќа на многу места и со тоа заокружи уште една успешна година. Mozzart продолжува да биде компанија број еден во општествена одговорност и својата хуманост да ја покаже и докаже и во годината која следи.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето