Хуманитарен натпревар на кошаркарите на Гостивар и Работнички

Од:

Пред стартот на новата сезона во македонскиот кошаркарски шампионат, екипите на Гостивар и Работнички вечерва ќе одиграат пријателски натпревар од хуманитарен карактер.

Иницијативата за овој натпревар ја покрена раководството на гостиварскиот клуб, кој во претстојната сезона ќе се натпреварува во кошаркарската „елита“ на Република Македонија, а за помош на Ивица Стрезовски.

Триесет и петгодишниот Ивица, родум од Гостивар, боледува од спиноцеребрална атаксија и му е потребно лекување со матичи клетки во треба да се направи во Кина, а за кое се потребни 18.000 американски долари.

Натпреварот под мотото „Играме за Ивица“ ќе се одигра во салата „Младост“ во Гостивар со почеток во 19 часот.

Влезница за натпреварот чини симболични 50 денари.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос