Хуан Фелипе ново засилување за Вардар

Од:

Бразилецот Хуан Фелипе Алвес Рибеиро е ново засилување во редовите на македонскиот шампион Вардар. Фудбалерот од Бразил потпиша договор со важност од една година и веќе се приклучи во базата на подготовките на Вардар во австриски Бад Татцмансдорф и го одржа првиот тренинг со екипата.

Фелипе е роден 1987 година и кариерата ја почнал во повеќекратниот бразилски шампион Сантос, а има настапувано и за неколку други екипи од Бразил. Ланската сезона беше дел од ЦСКА Софија и е играч кој игра во средината на теренот во офанзивниот дел.

– Феноменални услови ми понудија од Вардар и ги прифатив. Амбициите на клубот се големи и по можност да се стигне што подалеку во Лигата на шампионите, а во Македонија да ги освои сите три круни, изјави за официјалната интернет страна на клубот Фелипе.

Бразилецот е шестото засилување во Вардар по Филип Гачевски, Дарко Велковски, Ацо Стојков, Бобан Николов и Владица Брдаровски. На пробра во Вардар се наоѓаат уште двајца играчи.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он