Хрватска освои само бод против Азербејџан

Од:

Азербејџан направи изненадување и одигра 1-1 на домашен терен со финалистот од последното СП, Хрватска во квалификациски натпревар од групата „Е“ за ЕП 2020 година.

„Коцкастите“ го отворија резултатот уште на стартот, по голот на Лука Модриќ од белата точка. Избраниците на Златко Далиќ имаа иницијатива, но не постигнаа втор гол за да го запечатат својот успех и беа казнети по паузата. Тамкин Калилзаде (72) израмни по асистенцијата на Сејдаев, а до крајот Азербејџанците успеаја да ги задржат Хрватите и извлекоа бод.

По ремито, Хрватска останува на врвот со 10 бода од 5 одиграни натпревари, а подоцна вечерва Унгарија ја пречекува Словачка и, доколку биде успешна, може да ги смени на врвот.

„Азерите“ остануваат на дното по првиот освоен поен во овие квалификации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред 61 година, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на првото ЕП

Ана Ололовска

УЕФА ги активираше мобилните апликации за преземање на билетите за ЕП

Ана Ололовска

Де Бур го финализира составот за Евро 2020

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Ана Ололовска

Верати најверојатно ќе го пропушти Европското првенство

Жарко Настоски

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство

Жарко Настоски