Хрватскиот кошаркарски стратег Александар Петровиќ (62) веќе не е селектор на репрезентацијата на Бразил, со која не успеа да избори настап на Олимписките игри во Токио ова лето.
– Во последните две недели многу размислував за тоа, а за време на вообичаената прошетка во понеделникот донесов конечна одлука. Телефонски разговарав со претседателот на Бразилската федерација и му го образложив мојот избор. Се разбравме, изјави Петровиќ за италијанските медиуми.
Петровиќ ја предводеше бразилската репрезентација од есента 2017 година, а кариерата ја продолжува во италијанскиот прволигаш Пезаро.