„Хонда Сивик Тајп-Р“ постави рекорди на пет легендарни патеки

Од:

 Компанијата „Хонда“ го опиша својот силен хечбек „Сивик Тајп-Р“, како „тркачки автомобил“, а сега има и аргументи со кои тоа го докажува. 

Имено, „Хонда Сивик Тајп-Р“ со 2,0 литарски мотор со турбополнач и напредна шасија успеа да постави нови рекорди на пет европски патеки, со што без сомнеж стана најбрз продукциски автомобил на светот со преден погон.

„Хонда Сивик Тајп-Р“ веќе „завладеа“ на Нирбургринг во Германија (7:50.63), но и на пет други патеки во Европа. Во април во тек на дождлив ден во Силверстоун, дом на Големата награда на Велика Британија во Формула 1, оовј модел на „Хонда“ комплетира круг за 2 минути и 44,45 секунди. Подоцна истиот месец, при поволно време постигнато е време на кругот од 2 минути и 31,85 секунди.

Следеше пеколен круг на патеката Спа-Франкошамп во Белгија, каде возачот Роб Хаф постигна време на едне круг од 2:56.91.

Следна беше историската патека Монца, каде возачот Норберт Микелис кругот го завршил со време 2:15.16.

Потоа Бруно Кореија возејќи „Хонда Сивик Тајп-Р“ поставил нов рекорд на патеката Аутодромо до Есторил во Португалија, со време 2:04.08.

Петиот рекорд е поставен на патеката Хунгароринг во Унгарија на 6 јуни, а времето на кругот е 2:10.85.

„Хонда“ потенцираа дека рекордите се остварени со стандарден продукциски автомобил без механички модификации. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ