Прототиповите на двете верзии на Хонда Сивик за европскиот пазар се снимени во текот на завршните тестирања.
И додека седан речиси целосно е лишен од „камуфлажа‟, бидејќи благодарение на американската верзија јавноста веќе знае како овој автомобил изгледа, хечбекот е целосно прекриен со маскирна фолија. Меѓутоа, фолијата ни во овој случај не е неопходна, со оглед дека автомобилот се темели на Civic хечбек концептот кој е претставен во март на саемот за автомобили во Женева.
Меѓу погонските единици ќе се најде и новиот 1.0 литарски троцилиндерски бензинец, кој треба да располага со околу 125 KS и 200 Nm. За пренос на силата ќе користи 6-степен мануелен менувач. За тие кои преферираат нивниот компактен автомобил под хаубата да има мотор со нешто поголема запремнина, Хонда ќе понуди 1.5 литарски бензински мотор како и 1.6 литарски и DTEC дизелаш.
Се очекува двата модела и хечбекот и седанот да бидат претставени на парискиот салон за автомобили, во октомври, иако од Хонда се уште не стигна официјална понуда.
Во тој случај, автомобилите во европските продажни центри би стигнале во почетокот на 2017 година.