„Хонда“ повлекува 145.000 автомобили од Јапонија

Од:

Јапонскиот производител на автомобили „Хонда“ од домашниот пазар ќе повлече 145.573 автомобили заради дефект што предизвикува истекување  бензин во ауспусите на возилата, соопшти компанијата.

„Хонда“  информира дека примила 14 тужби од страна на сопственици на автомобили, вклучувајќи и девет случаи кога заради  испуштање на бензин дошло до пожар, пренесуваат јапонските медиуми.

Во инцидентите немаше повредени, се додава во сопопштението на „Хонда“.

Повлекувањето ги опфаќа моделите „Вамос“, „Вамос Хобио“ и три што се произведени исклучиво за јаппнскиот пазар, и тоа меѓу октомври 1998 и август 2010 година.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on