„Хонда“ го подготви својот караван концепт „Сивик Тоурер“

Од:

Јапонскиот производител на автомобили „Хонда“ ги објави првите фотографии на караван верзијата на актуелниот „Сивик“. Иако за сега станува збор за концепт, се претпоставува  дека автомобилот е речиси подготвен за сериско производство.

По хечбек и седан верзиите „Хонда“ одлучи да ја надополни својата гама со последната генерација од моделот „Сивик“, односно со неговата караван верзија.

Обликувањето на караванот темелен на атрактивниот хечбек ни малку не е лесна задача, но се чини дека дизајнерите на „Хонда“ добро го направиле.

Автомобилот не  го загубил спортскиот, динамичен изглед, а задниот дел на караванот има оригинално решение за стоп светалата, што стилски се надоврзува на хечбек варијантата на моделот „Сивик“.

Силуетата ја дефинираат две линии – горната благо спуштена линија на покривот и долната растечка линија во ниво на прозорците.

Задните калници се нагласени со голем лак и проширување на автомобилот во тој дел од каросеријата.

Спортската црта дополнително ја истакнуваат дифузерот сместен во долниот дел на задниот браник и двојната, централно поставена издувна цевка со трапезоидна форма.

„Хонда“, по повод премиерата на овој концепт, соопшти дека станува збор за автомобил што е „водечки во класата според понудата на внатрешниот простор“.

Јапонскиот производител сакал до последен момент од јавноста да ги сочува техничките детали, димензијата на автомобилот и останататите спецификации, тако што повеќе информации за овој концепт ќе бидат познати дури по отворањето на авто-салонот во Женева.

Тоа што е речиси познато е дека „Сивик Тоурер“ ќе ги преземе моторите од актуелниот хечбек што во  понудата има два бензинца, од 1.4 литри со 100 КС и од 1.8 литри со 142 КС, како и 2.2 литарски дизел агрегат што развива 150 КС.

На овие мотори ќе им се придружи и новата 1.6-литарска дизел единица на „Хонда“ со 120 КС.

Кога „Хонда Сивик“ ќе се појави на пазарот, еден од главните конкуренато ќе и биде  „Тојота АурисТоуринг Спортс“, што исто така ќе ја има својата премиера на годинешниот авто-салон во Женева.

Сериската верзија треба да се најде во продажните салони до крајот на 2013 година.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on