Холанѓанката Ментел-Спе освои злато во сноуборд по дијагноза на рак, 48 зрачења и операции

Од:

Холанѓанката Бибијан Ментел-Спе го освои златото во сноуборд крос на Зимските параолимписки игри во Пјонгчанг, а нејзината животна приказна покажува дека со доволно волја и упорност може да се постигне се.

Оваа 45-годишна Холанѓанка, на која пред неколку години и ја ампутирале ногата до коленото, само десет недели пред да го освои златото во Пјонгчанг била на операција поради рак на вратниот дел од рбетниот столб.

Возењето, кое и го донесе златниот медал, не предизвика толку внимание во јавноста, колку сето она што таа го преживеала изминатите девет месеци.

Драмата на параолимпијката, која и во Сочи триумфираше во сноукрос, почнала во јули. Лекарите тогаш и дијагностицирале рак и тоа по деветти пат во нејзиниот живот. Бибијан во 2002 година ја загубила потколеницата бидејќи тумурот ја нападнал коската, а овојпат во прашање биле вратните пршлени.

– Беше утврдено дека 40 отсто од шестиот вратен пршлен е зафатен со рак. Минатото лето направив 48 зрачења. Кога наводно излечена се вратив на рехабилитациските тренинзи се утврди дека пршленот скоро колабирал од ракот и радиолошката терапија. Тогаш ми рекоа дека рбетот би можел да ми се прекине на тоа место и да останам парализирана доколку не бидам оперирана веднаш, вели Ментел-Спе.

Таа набргу потоа имала две операции на вратниот пршлен.

– Едната беше крајот на декември, а другата на 3 јануари. Тогаш лекарите ми рекоа дека вратот ми е во ред и дека се надеваат оти ќе успеам да заминам на Параолимписките игри, истакна Холанѓанката.

Бибијан Ментел-Спе вели дека само пред три недели повторно застанала на сноуборд и затоа и е неверојатно што го освоила златото.

Би можело да ве интересира

Попова Шапка домаќин на државното првенство во сноуборд и ФИС Сноуборд Куп 2023

Ана Ололовска

Голем успех за македонските сноубордери – ја завршија сезоната со два златни, два сребрени и шест бронзени медали

А1он

Трагедија на Швајцарските Алпи – во лавина загинаа поранешна шампионка во сноубординг и нејзиниот водич

Жарко Настоски

Попова Шапка домаќин на натпреварувачите во сноуборд

Ана Ололовска