Холанд објасни зошто ја избра Борусија пред Манчестер Јунајтед

Од:

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд, ги определи шпекулациите, дека Манчестер Јунајтед сеоткажале од него поради високи барања за плати, како комични.

Норвешкиот напаѓач изјави дека веќе решил да му се придружи на германскиот гранд.

Холанд се придружи на Дортмунд минатиот месец, и веќе има импресивни 8 гола за само 270 минути игра.

Младиот фудбалер игра под раководство на сегашниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер во Молде, велејќи дека има само почит кон тренерот на „црвените ѓаволи“.

Сепак, Холанд го сметал трансферот на „Сигнал Идуна Парк“ како вистинска одлука за неговата кариера.

„Оле беше многу важен за мојот развој и за постигнувања и за она што сум денес. Сепак, решивме дека Дортмунд е вистинскиот потег. Што се однесува до моите големи побарувања за плата, тоа не е точно. Луѓето пишуваат што сакаат. Тие мораат да ми објаснат ако ме сретнат. Сепак, тоа не е мојот фокус“, рече норвешкиот фудбалер.

Вечерва Борусија Дортмунд ја продолжува битката во германската Бундеслига. „Жолто-црните“ се домаќини на Ајнтрахт од 20:30 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Халанд го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот