Хјундаи Моторспорт објави дека е успешно завршена првата серија сеопфатно тестирање на моделот и20 ВРЦ, кој ќе учествува во светскиот рели шампионатот од идната сезона.
Хјундаи и20 ВРЦ на тридневното тестирање мина 550 километи при што се извршени тестирања на различни системи и собирани податоци за возилото, кои дополнително ќе бидат анализирани од инженерите на компанијата. Специјално внимание е посветено на 1,6 литарскиот турбо бензински мотор.
Моделот излезе од седиштето на Хјундаи Моторспорт Алзенау во Германија. Тестирањето се очекува забрзано да продолжи бидејќи компанијата работи моделот и20 ВРЦ да биде подготвен за Релито во Монте Карло во јануари.
– Многу сме задоволни од резултатите на првите тестови. Имаме одлична основа. Без оглед што нема многу време, се надевам дека се ќе биде подготвено за следната сезона, изјави Мишел Хандан, шефот на Хјундаи рели тимот.
Премиерниот настап на Хјундари ВРЦ е планиран на релито во Монте Карло, што значи дека тимот на Хјундари за подготовка има уште осум месеци.