„Хјундаи“: Сите наши возила се со ист квалитет

Од:

Често слушаме поплаки дека стоката што се продава во регионов не е со ист квалитет како во западните земји и дека производителите применуваат двојни стандарди.

Понекогаш се изнесуваат и тврдења дека автомобилите кои стигнуваат на пазарите на Балканот се помалку квалитетни од идентичните модели, кои се нудат, на пример. на купувачите во Германија. 

Но, љубителите на автомобили на Балканот не се единствени кои изразуваат сомнеж дека возилата што им се нудат се со послаб квалитет од оние кои се продаваат на западните пазари.

Така, купувачи во Јужна Кореја се пожалиле на квалитетот на „Хјундаи Соната“ што се произведува во оваа земја, тврдејќи дека компанијата „Хјунадиа“ има двојни стандарди на кавлитет – еден за домашниот, а друг за странските пазар.

За да ги разбие ваквите дилеми, „Хјундаи“ реши да спроведе јавен тест за безбеднсот при кој директно ќе се судрат две „Сонати“, една која се произведува и продава во Јужна Кореја и втора наменета за американскиот пазар, која се изработува во погон во Алабама.

Двата автомобила се судриле при брзина од 56 километри на час. Целта била да се покаже дека двете возила задоволуваат исти безбедносни стандарди во случај на судир.
Корејците од ова направиле вистински спектакл, а за да нема сомнежо тоа дека се работи за вистинска „американска Соната“, автомобил вклучен во тестот бил преземен од еден дилер на „Хјундаи“ во САД.

Овој необичен тест бил изведен откако едно истражување спроведено во Јужна Кореја покажало дека 74 отсто од испитаниците веруваат дека постојат разлики во безбедносните стандарди меѓу моделите на компанијата „Хјундаи“ што се произведуваат во домашните фабрики и оние кои се произведуваат во САД.

„Хјундаи“ наведува дека експерти, новинари и блогери од областа на автомобилската индустрија имале можност по судирот да ги прегледаат возилата и да потврдат дека меѓу двете „Сонати“ нема никаква разлика во поглед на безбедноста.

Утврдено е дека тест-куклите кои ги симулираат возачите и патниците во двете возила претрпеле ист степен на оштетување, односно повреди. 

Останува да се види дали овој тест ќе ги разубеди корејските купувачи и ќе влијае на промена на нивното мислење. 

Би можело да ве интересира

„Киа“ ги објави првите фотографии на новиот „Соренто“

Емир Латифовиќ

Доаѓа освежениот Citoren C3

Емир Латифовиќ

GMC отвора 2.600 работни места во Бразил

Емир Латифовиќ

Нов концепт од Honda наречен Gear

Емир Латифовиќ

Top Gear се враќа

Емир Латифовиќ

Новата Toyota Corolla Furia!

Емир Латифовиќ