Хјундаи планира инвестиција од 400 милиони долари во Србија

Од:

Претставници на Хјундаи најавија подготвеност за инвестирање околу 400 милиони долари во Србија за изградба на фабрики за преработка на комунални отпадоци како и инвестирање во изградба на фабрика за производство на техника за преработка на отпадоци.


Според српската Влада претставници на Хјундаи пројавиле интерес за соработка во областа на земјоделието особено во производство на органска храна и преработка на зеленчук.


Премиерот Ивиц Дачиќ во разговори со претставниците истакнал дека државата е отворена за странски инвестиции кои помагаат за развој на економијата.


– Развојот на економијата и обезбедување вработување за млади луѓе е најважната задача на Владата на Србија, изјави Дачиќ по разговор со претставниците на Хјундаи.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on