„Хјундаи“ и „Киа“ повлекуваат 1,9 милиони автомобили од американскиот пазар

Од:

Јужнокорејскиот производител на автомобилите „Хјундаи“ и „Киа“ од пазарот во САД повлекува речиси 1,9 милиони возила зарадо проблем со „ер беговите“” и прекинувачот за стоп светлата, соопшти компанијата.

Возилата од гамата на „Хјундаи“ што ќе бидат повлечени се „Аксент“, „Елантра“, „Генезис“, „Санта Фе“, „Соната“, „Тусон“ и „Веракруз“, додека кај „Киа“ станува збор за моделите „Оптима“, „Рондо“, „Седона“, „Соренто“, „Сол“ и „Спортејџ“, пренесуваат американските медиуми.

Американските регулатори за безбедност во сообраќајот наведуваат дека неисправните прекинувачи ги спречуваат стоп светлата да се запалат кога возачот ја притисне педалата за запирање.

Јужнокорејскиот производител ќе ги информира сопственциите и бесплатно ќе ги замени неисправните прекинувачи.

„Хјундаи“, исто така, ќе ги повлече сите возила од типот „Елантра“ што се произведени во последните две години бидејќи носачот може да спадне и да ги повреди луѓето при активирање на страничните „ер бегови“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска