Три години по премиерата, јужнокорејскиот преоизводител на автомобили „Хјундаи“, ја направи првата рестилизација на актуелниот модел „i10“.
Дизајнерите на „Хјундаи“ ја редизајнираа маската на ладилникот (во која сега се наоѓаат и две нови дневни ЛЕД светла), како и предниот браник.
„Хундаи i10“ доби нов заден браник, со црн панел на кој се наоѓа позицијата за регистерската табличка, а рестилизирани се и вратата на багажникот. Стилските промени на надворешноста се надополнети со нови 14- инчни алуминиумски фелни.
Најголема новина во кабината е мултимедијалниот уред со седуминчен екран, чувтсвителен на допир (достапен во рамки на поскапите пакети со опрема) што соддржат Apple CarPlay и Android Auto систем за поврзување со смартфон.
„Хундаи i10“ е опремен со систем за предупредување за можен судар со возило што се движи пред автомобилот, како и систем што предупредува на несакан излез на возило од рамките на сообраќајната лента. И двете технологии функционираат со помош на предните камери и сензори.
Што се однесува до моторите, освежениот модел ги задржува постоечките трицилиндричен 1.0-литарски и четирицилиндричен 1.25- литарски бензински мотор, поврзани со петбрзински мануелен или опциски автоматски менувач со четири степени на преносот.
„Хундаи i10“ за 2017 година ќе биде претставен на саемот на автомобили во Париз, на почетокот на октомври.