Марсел Хиршер го освои Светскиот куп во алпско скијање по осми пат по ред. Австриецот заврши трет во денешниот слалом во Крањска Гора, Словенија, што беше доволно за да го освои Големиот кристален глобус на четири трки пред крајот на сезоната.
Рамон Ценхојзерн го освои слаломот со вкупно време од 1: 39,54 минути.
Швајцарецот беше седми по првата трка, но направи многу силна втора и запиша трета победа во Светскиот куп во кариерата.
Втор во слаломот заврши Хенрик Кристоферсен, кој имаше солидна предност по првата трка, но не успеа да го одбрани првото место и на крајот заостана 1,15 секунда зад победникот.
Хиршер финишираше со шесто време во првиот спуст, но со стабилно возење во вториот се искачи тројката и успеа да си ја обезбеди крајната победа во генералниот пласман.
Единствениот конкурент на Хиршер во генералниот пласман – Алекси Пинтуро заврши седми во слалом и веќе нема ни теоретска можност да го стигне Австриецот. Хиршер има 509 поени повеќе од Пинтуро на врвот во генералниот пласман.
Пласман во Крањска гора, слалом, мажи:
1. Рамон Ценхојзерн (Швајцарија) 1: 39.54 минути (51.97 / 47.57)
2. Хенрик Кристоферсен (Норвешка) 1: 40.69 (51.07 / 49.62)
3. Марсел Хиршер (Австрија) 1: 40.71 (51.88 / 48.83)
4. Мануел Фелер (Австрија) 1: 40.77 (52.04 / 48.73)
5. Даниел Јул (Швајцарија) 1: 41,06 (51,71 / 49,35)
6. Манфред Молг (Италија) 1: 41,39 51,64 / 49,75
Генерален пласман:
1. Марсел Хиршер (Австрија) 1508 поени
2. Алекси Пинтуро (Франција) 999
3. Хенрик Кристоферсен (Норвешка) 988
Пласман во слалом:
1. Марсел Хиршер 768
2. Даниел Јул 491
3. Рамон Ценхојзерн 471.