Австрискиот скијач Марсел Хиршер е победник на велеслаломот што вечерва се одржа во шведскиот скијачки центар Оре. Тој во двете трки беше најдобар и имаше вкупно време од 2:30.18 минути.
Второто место со заостанување од 1.22 секунди му припадна на Американецот Тед Лигети, а третопласиран заврши Германецот Штефан Луц со заостанување од 1.50 секунда.
Со денешната победа Хиршер ја намали разликата во однос на водечкиот во генералниот пласман Кјетил Јансруд од Норвешка. Јансруд има вкупно 412 поени, а Хиршер 340.
Австриецот Хиршер е водечки во пласманот за велеслалом со 260 поени, додека Лигети има 206.