Хиршер триумфираше на Слјеме

Од:

Австриецот Марсел Хиршер триумфираше на денешната слаломска трка крај Загреб, во рамките од Светскиот куп во алпско скијање.

Хиршер до првото место на патеката „Сијеме“ стигна благодарение на големата грешка на Швеѓанецот Јенс Бигмарк, кој имаше најдобар резулчтат по првото возење.

До вториот овосезонски триумф во слалом вкупно четврти во Светскиот куп, Австриецот стигна со време од 1 минута 56 секунди и 17 стотинки, пред Андре Миер од Шведска кој заостана 0,57 секунди, односно сонародникот Мариот Мат кој со заостанување од 1,09 секунди беше третопласиран.

Хиршер кој е водечки во Генералниот пласман во слалом, сега се изби на првото место и во Севкупниот портедок во Светскиот куп со 51 бод повеќе од Аксел Лунд Свиндал од Норвешка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ