Австриецот Марсел Хиршер е нов светски шампион во алпско скијање во дисциплината суперкомбинација. Тој синоќа на Светското првенство во Бивер Крик (САД) со одлично возење во слаломот стигна до подвиг.
Хиршер по спустот беше дури на 30. место, за на крајот да го освои златото со време 2:36.10 минути.
Сребрениот медал му припадна на Кјетил Јансурд (Норвешка) кој беше лидер по спустот, а на крајот имаше 19 стотинки послабо вкупно време од Австриецот.
Третото место и бронзениот медал ги освои домашниот натпреварувач Тед Лигети со заостаток од 30 стотинки зад победникот.
Ова е трето злато за австриските скијачи од пет трки досега на СП. Претходно Ана Фенингер и Ханс Рајхалт победија во супервелеслаломските трките.