Хиршер победник на слаломот во Санта Катерина

Од:

Австрискиот скијач Марсел Хиршер триумфираше на денешниот слалом што се возеше на патеката во Санта Катерина, Италија. Тој со одличното второ возење стигна до првото место и ја оствари 36.та победа во Светскиот куп. Хиршер по двете трки имаше време од 1:54.54 минута.

Второто место му припадна на водечкиот од пласманот за слалом Хенрик Кристоферсен од Норвешка, кој имаше 21 стотинка заостанување, додека на третата позиција заврши најдобриот од првата трка Русинот Александар Хорошилов, кој имаше 32 стотинки послабо време од победникот.

Во пласманот за слалом по три трки Кристоферсен води со 280 бодови, пред Хиршер со 260, додека во генералниот пласман по 15.та трка Хиршер е прв со 721 бод, пред Аксел Лунд Свиндал (Норвешка) со 636.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ