Австриецот Марсел Хиршер е победник на денешната велеслаломска трка од Светскиот куп возена во италијанскиот скијачки центар Алта Бадија.
Хиршер до највисокото место на подиумот дојде со време 2:30.17 минути.
За австрискиот скијач ова беше вкупно 26.победа во кариерата и трета сезонава во велеслалом.
Бранителот на големиот кристален глобус, за 45 стотинки беше побрз од второпласираниот Тед Лигети (САД), додека трет беше Французинот Томас Фанара со 1 секунда и 48 стотинки послабо време од победникот.
Во пласманот за велеслалом Хиршер води со 360 поени, втор е Лигети со 286, трет Алексис Пинтурол (Франција) со 230 поени.
Лидер во Генералниот пласман на Светскиот куп е Кјетил Јансурд (Норвешка) со 610 поени, пред Хиршер со 540, трет е Доминик Париз, со 345 поени.