По победата во Загреб пред четири дена, Марсел Хиршер уште еднаш потврди дека е најдобар светски скијач откако доминираше и на патеките во Аделбоден.
Вчера славеше во велеслаломската, а денеска победи и на слаломската трка. За само 13 стотинки тој беше побрз од Михаел Мат, додека трет беше Хенрик Кристо кој засотануваше 16 стотинки по двете слаомски трки.
За Хиршер ова беше вкупно седма победа сезонава, со која се зацврсти на врвот на табелата во севкупниот генерален поредок во Светскиот куп, сега со вкупно 774 бодови. Зад Австриецот се Норвежанецот, Кристоферсон (660 бодови), додека пред неговите сонародници Кјетил Јансруд (480) и Аксел Лунд Свиндал (454), сега како трето рангиран е Французинот, Алекс Пинторо (502) .